Погледнете како изгледа еден возен парк на скопски бизнисмен

Еден скопски бизнисмен, дистрибутер на алкохолни пијалоци и застапник на светски познат производител на цигари слободно може да каже дека го остварил сонот. Да си сопственик на едно е гордост, но да си сопственик на четири автомобили од брендот Ферари е остварување на сонот на секој маж на планетава, пишува Нетпрес.

Нетпрес успеа да “ѕирне“ во гаражите на неколку скопски газди, а и ние решивме да ви пренесеме што имаат тие да покажат. Од неверојатни и заводливи “Мерцедеси“, па се’ до ултра спортски и луксузни “Ферарија“ и еден и единствен “Ролс Ројс“ – секој подеднакво ќе ве остави без здив и ќе ве натера да не престанете да мислите на него.

За првиот дел од епизодите “брзи и бесни“ на Нетпрес, тие отидоа да се “повозат“ со уникатните автомобили Ферари на еден успешен и познат скопски бизнисмен. Од жолтото “Ферари 458 Италија“, кое е купено за 240.000 евра, па се’ до комбинацијата од спортско – елегантниот “Ферари 599 ГТБ“, овој човек со 100 отсто гласови може да каже дека го остварил сонот на секој маж, кога станува збор за автомобилите.

-Како вовед  беа “Ферари 458 Италија“ и “Ферари Ф430“, купено за 160.000 евра во 2005 година, кои само ни наговестија, што не чека кога ќе отидеме кај другите две. Во беспрекорно обезбедено и модерно поставено решение, беа паркирани и синото “Ферари 360 Спајдер“, кабриолет од 2001 година и неговиот придружник, или можеби придружничка со оглед на женствената елеганција, темно црвеното “Ферари 599 ГТБ Фиорано“ со деби на саемот во Женева во 2006 година, кога и веднаш е купено и донесено во Македонија, пишува Нетпрес.

Станува збор за, според експертите, најмоќната верзија на “Ферари“ која може да достигне брзина од неверојатни 330 километри на час, за што треба да платите колку и скопскиот газда, а тоа е околу 260.000 евра. Голем впечаток остави и првенчето, синото “Ферари Спајдер“, купено во 2001 година по цена од 130.000 евра за жешкиот скопски асфалт.

Потеклото на финансиските средства со кои се купени овие скапи автомобили сеуште не е познато.

 

Погледнете ги следниве статии

Топ 5 најскапи автомобили

Први шпиунски фотограгии на новиот Renault Clio RS

Најпопуларна боја за автомобили е …

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: