Не си замислувате, Chrome навистина работи се побрзо и побрзо.
Google објави денес дека според нивните испитувања Chrome оваа година работи за цели 26% побрзо од претходно.
“Стабилноста обично ни е највисок приоритет, но сеуште манијакално пробуваме да го забрзаме нашиот browser.” – изјави Toon Verwaest на својот блог.
Начинот на кој Google се обезбедува од “калта” која ги успори Firefox и останатите пребарувачи низ годините е нивниот автоматизиран тест кој ги известува нивните инженери кога и да се случи промена во кодот која го успорува пребарувачот. Промените на Google не се однесуваат само на JavaScript-от, завршена е голема работа и во покренувањето на пребарувачот.
Chrome полека но сигурно ја зацврстува својата позиција на пазарот, а работата на Google на брзината на својот пребарувач сигурно е главната причина за тоа.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Google објави верзија за пребарување за Windows 8
Се сеќава ли некој на животот пред Google?
Google и Samsung прават таблет со појасен екран од iPad
Пронајдете не на следниве мрежи: