Напишала книга на BlackBerry телефон!

 

Georgina Campbell за само четири месеци напишала книга од 200 страници на BlackBerry телефон.

 

BlackBerry смартфоните се посебно познати по добрите тастатури кои особено ги ценат бизнисмените и корисниците кои голем дел од времето кои го минуваат со своите телефони во рака пишуваат пораки и mail-ови. За квалитетот на тастатурите на BlackBerry говори и подвигот на 41-годишната Campbell од Лондон која на својот BlackBerry телефон напишала книга. 

 

Georgina до оваа идеја дошла гледајќи некој филм со својата ќерка. Таа се обложила со ќерката дека може да напише подобра книга од онаа на која бил базиран филмот.  

Иако компјутер или лаптоп е идеално средство за пишување на толку голема творба, Georgina се одлучила за BlackBerry и вели дека тоа е нејзиниот идеален избор, затоа што телефонот може насекаде да го носи со себе. – “Пишував додека се возев во воз, во текот на паузите на моето работно место, чекајќи автобус, додека се туширав… насекаде!”.

Нејзината посветеност на пишувањето во тек од 4 месеци резултирала со книга која содржи 55.600 зборови, односно 200 страници. Тоа е “првата BlackBerry книга”, напишана е со само 2 палци. Книгата носи наслов “The Kickdown Girls”, а ги обработува животите на една група девојки од Лондон. Книгата е достапна и во понудата на Amazon.

Georgina ја напишала целата книга на MemoPad апликацијата на BlackBerry, а за искуството вели дека било меѓу најубавите во нејзиниот живот, така што не би требало да се изненадите ако видите уште некоја нејзина книга напишана на ист начин во иднина. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

Американски командос ќе објави книга за ликвидирањето на Осама бин Ладен

 

Животни во Гинисовата книга на рекорди!

 

Britney Spears пишува автобиографија

 

Пронајдете не на следниве мрежи: