Жените ја губат невиноста пред мажите

 

 

Најновите истражувања покажале дека жените најмногу уживаат во сексот кога имаат 28 години, додека мажите… пет години подоцна. Според резултатите, мажите би требало да чекаат да наполнат 33 години, како би го доживеале врвот на сексуалното искуствоРезултатите од ова истражување се во потполна спротивност од досегашните истражувања, во кои се тврдеше дека мажите своето врвно сексуално достигнување го достигнуваат на 18, додека жените на 30 години.

 

Меѓутоа, се чини дека и двата пола се сексуално најактивни нешто порано, жените на 25, а мажите на 29 години. Резултатите покажале дека мажите вообичаено невиноста ја губат на 18, а жените на 17 години.

 

„Како и многу други работи, така и сексот… во зависност од тоа колку го практикувате, станува сè подобар. Така да, воопшто не е чудно што мажите во сексот уживаат на 33, наместо на 18 години. Луѓето најчесто во сексот се најактивни во почетокот на љубовната врска. Најдобриот секс доаѓа малку подоцна, кога ќе научат што на кого му одговара, како и како најдобро да го контролираат своето тело. Тоа го потврдува она што отсекогаш сме го знаеле – квалитет пред квантитет.“, вели Трејси Кокс, експерт за сексот и врските помеѓу двајца партнери.

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Избришете го поранешниот дечко од Facebook

 

Прашањата кои ги нервираат мажите

 

Секс диета

 

Пронајдете не на следниве мрежи: