Бразил има план како да ги сочува загрозените животни од истребување. Животните како јагуари, гривести волци, црни лавови и сл. ќе бидат клонирани.
Оваа несекојдневна иницијатива е покрената од Brasilia Zoological Garden. Овде не се работи за целосно обновување на популациите на овие животни, туку само за зголемување на нивните бројки во заробеништво. Сепак, постои можноста, доколку е тоа неизбежно, овие животни да бидат пуштени и во природата.
Во последните 2 години бил собран генетски материјал за 8те видови животни кои се дел од големиот план. Сите 8 видови се наоѓаат на црвената листа на загрозени животни на Chico Mendes Institute. Геномите првенствено биле собирани од мртви животни, и тоа од областа Церадо во централен Бразил.
Бразилската владина агенција EMBRAPA веќе била дел од ваков проект, кога во 2001 година клонираше крава. Од тогаш во Бразил се изведени неколку вакви експерименти, при што биле клонирани коњи и крави.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Откриена нова планета слична на Земјата
Галерија од Албино животни
Галерија од двоглави животни
Пронајдете не на следниве мрежи: