Две лица загинале, а 19 се повредени, во експлозија на резервоар со 15.000 литри ацетон во фармацевтската фабрика во Квебек, Канада, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила во фабриката на компанијата Наптун технолоџис во Шербурк, град кој се наоѓа на 150 километри источно од Монтреал.
„Во урнатините пронајдовме тела на две лица“, изјавил шефот на локалната полиција Рене Дибреј.
Вкупно 19 лица биле хоспитализирани од кои една била сместена на одделението за интензивна нега. Причината за експлозијата сеуште не е позната.
Во минутите по експлозијата, локалните телевизии прикажале снимки со голем облак на црн чад над Шербрук. Сепак, локалните власти тврдат дека нема никаква опасност по населението и дека ветерот, отровните материи го оддувал кон ненаселените подрачја.
Голем број на пожарникари бил испратен да го лади другите резервоари кои се полни со разни хемиски супстанци.
Населението кое живее во зоната на експлозијата е евакуирано.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Инцидент со хемикалии во фабрика за чоколадо во Германија, евакуирани 1.800 луѓе
Македонец ќе биде директор на фабриката на Дрекслермаер
Конфискувани 3.75 милиони дози фалсификувани лекови продавани преку Интернет
Пронајдете не на следниве мрежи: