Кратка историја на кондомите

Историјата на кондомите започнува уште пред неколку векови. За целото свое постоење кондомите се користеле како средство за заштита од несакана бременост, како и заштита од сексуално преносливи болести. Кондомите се правеле од секакви материјали, од лен, преку внатрешни органи од животни, па се до гумата и латексот од кои се изработуваат денес. Гумените кондоми добија на популарност во средината на 19тиот век, а огромен напредок во изработката на кондоми бил постигнат на почетокот на 20тиот век. Од втората половина на 20тиот век, ниската цена на кондомите ги направи важен дел од планирањето на семејството, бидејќи денес тие се полесно достапни од било кога претходно. Кондомите се важен елемент и во борбата против СИДАта. 

 

Еве своевиден Timeline на развојот на кондомите во последните 3.000 години.

1000 години п.н.е.

Употребата на кондомите за прв пат е забележана пред неколку илјади години. Познато е дека околу 1000 години п.н.е. старите Египќани користеле ленени чаршави за заштита од болести.

100-200 година 

Најраните докази за употреба на кондоми во Европа потекнуваат од цртежи во пештери во Combarelles, Франција.

XVI век

Во XVI век е направено едно од најважните подобрувања во изработката на кондомите. И понатаму се користеле ленени чаршави, но овој пат пред употреба тие се натопувале во хемиски раствор и се оставале да се исушат. Биле вршени испитувања на околу 1.100 луѓе, и ниту еден од нив не се заразил со сифилис. Ова всушност биле првите спермициди кои се користеле на кондомите.

XVIII век 

Веќе станале достапни кондомите изработени од внатрешните органи на животни. Сепак, биле прескапи и тоа довело до нивна повеќекратна употреба. Во ова време, ваквите кондоми биле опишувани како “оклоп против инфекции и задоволство”.

1844 година

GoodYear и Hancock започнале масовно да произведуваат кондоми од вулканизирана гума. Вулканизација е процес на претворање на сирова гума во силен, еластичен материјал. 

1861 година

Првата реклама за кондоми била објавена во американски весник, кога New York Times објавиле реклама за “Француските презервативи на Dr. Powers”

1873 година

Законот Comstock бил изгласан. Го носел името по Anthony Comstock, а го направил рекламирањето на било какви методи на контрола на бременост. Исто така дозволувал на поштенските служби да конфискуваат кондоми кои биле праќани по пошта. 

1880-ти години

Произведен е првиот латекс кондом, иако масовната употреба на истиот следела дури во 1930. До 1935, 1.5 милиони кондоми биле произведувани на дневна база во САД. 

1980ти и 1990ти години

Најголемиот дел од 80тите светскиот пазар на кондоми бил доминиран од Американските произведувачи. Во 1987 година еден јапонски бренд по име “Kimono” станал достапен во САД. Овој кондом бил потенок и подобро лубрициран од американските, а рекламите за истиот го нагласувале задоволството, како и заштитата. Потоа, во 90тите биле претставени многу различни типови на кондоми, меѓу кои и првиот полиуретански кондом. 

До 1993 година, годишното производство на кондоми достигнувало бројка од 8.5 милијарди. 

 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

4 машки тајни за сексот

 

8 нешта за пожежок секс

 

ВИДЕО: Нема повеќе порно филмови без кондоми

 

Пронајдете не на следниве мрежи: