Водката е традиционален руски пијалок, но нејзиниот квалитет варира. Ако имате најевтина водка чиј вкус се граничи со одвратна, тогаш произведувачот на пијалоци Still Spirits Top Shelf има решение за вас: додаток кој водката ќе ја претвори во било кој друг жесток пијалок. Како?
Still Spirits Top Shelf произведува екстракти со вкус за алкохолни пијалоци, а нивниот најнов асортиман е колекција на јаки ароми кои со додавање на неутрален жесток пијалок даваат различен вкус, зависно од тоа кој екстракт ќе го одберете. Водката, и тоа онаа евтината е идеална за користење на овој „магичен напиток”, бидејќи има неутрален вкус кој лесно може да се поништи со додавање на екстрактот. На тој начин, од неутралните алкохолни пијалоци или од водка, можете да добиете џин, виски, рум, апсинт, изборот е голем.
Погледнете ги и следниве статии:
Бидете самите коктел мајстори
Најјакото пиво на светот
Најскапите вина во светот
Пронајдете не на следниве мрежи: