Таму куќите се од чоколадо; Уметник направил свет од бајките од слатки, зеленчук и сирење

Еден британски уметник одлучил својот најнов проект да го направи во Willy Wonka стил. Имено, фотографот Carl Warner за потребите на својата нова книга “A world of food” изградил свет од храна налик на оној кој го знаеме од филмот “Charlie and the Chocolate Factory”. За таа цел искористил сирење, бонбони, чоколадо и парчиња зеленчук.

“Инспирацијата всушност ја црпам од децата. Кога на нив ќе им покажете воз од чоколадо, тие се пресреќни, но кога ќе им покажете шума од краставици, веднаш одмавнуваат со рацете, бидејќи никој од нив не сака зеленчук. Кај децата постојат многу предрасуди кон храната, и тоа главно поради бојата. Моите креации ги тераат да ги видат работите од друга страна, и да ја намалат својата одбивност кон одредени видови храна.”

Warner, меѓу другото, својата популарност ја стекнал по изработката на британскиот парламент од храна. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Уметност во шоља кафе

Храна само за оние со силен желудник

За сите љубители на Nutella

Пронајдете не на следниве мрежи: