Претседателот на Соединетите американски држави, Барак Обама се расплака за време на посетата на својот изборен штаб во Чикаго, каде разговарал со волонтерите, јавуваат американските телевизии.
Обама по изборот го посетил својот штаб, сакајќи да им се заблагодари на сите кои ја воделе кампањата, а на крајот на петминутното обраќање пред присутните во еден момент почнаа да му доаѓаат солзи и гласот му затрепери, покажувајќи дека е многу емотивен.
„Се гордеам со вас, навистина сум горд на вас“ рече Обама во разговорот со волонтерите, бришејќи ги солзите.
Волонтерите одговорија со гласен аплауз. Поранешниот уредник на Си Би Ес телевизија, Ден Редер, вели дека ова е еден единствен случај во историјата на американскиот претседател.
„Не знам ниеден претседател, или светски лидер во мојот живот, кој покажа јавно ваква ранливост, но на прилично згоден начин“ рече Редер.
Тој додаде дека јавноста Обама го гледа како кул личност, која е секогаш сталожена и смирена.
Макфакс
погледнете ги следниве статии
Кенијка роди близнаци и им даде имиња Барак Обама и Мит Ромни
Обама ја доби довербата и од Скопје
Мишел Обама побара од Американците нова шанса за претседателот
Пронајдете не на следниве мрежи: