Нормално е дека ќе има разни пикантерии и гласини околу секој нов, популарен филм. А ниту еден не може да се пофали со поголема популарност од новата приказна за агентот James Bond, “Skyfall”. Што се гласините овде? Дека агентот е бисексуалец.
Во филмот има сцена која предизвика контроверзии, каде главниот негативец (Javier Bardem) изгледа повеќе од заљубено во Bond (Daniel Craig, кој на сцената инаку е врзан за столче…). Врвот на сцената е делот каде Bond вели – “Зошто мислиш дека би ми било прв пат?”.
Епа, Bond не е геј. И така и треба да остане, што се однесува до актерот Daniel Craig.
“Не!” – изјавил Craig како одговор на прашањето дали би можел да замисли геј James Bond.
Зошто? – “Затоа што не е геј!” – вели Craig. – “И мислам дека ни ликот на Javier не е геј. Мислам, погледнете го човекот, како би можеле да помислите дека е геј?”
Истиот став Daniel Craig го имал и за верзија каде агентот би бил жена. – “Се надевам нема да има такво нешто. Тоа не е тоа, барем според мене.”
Можеби би можеле да очекуваме Bond-лезбејка во иднина? Што би рекол Craig на тоа?
Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии:
“Diamonds Are Forever”-Shirley Bassey-James Bond
“For your eyes only”-Sheena Easton-James Bond
A View to a Kill- Duran Duran-James Bond
Пронајдете не на следниве мрежи: