Авион принудно слетал заради гласна молитва на патник

Пилотот на авионот на „Јунајтед Ерлајнс“, што патувал на релација Денвер-Вашингтон, беше присилен да прогласи вонредна состојба и принудно да слета во четврток навечер и тоа заради „незгодно“ однесување на еден од патниците.

Како што пишува „Дејли Мејл“, мажот во еден момент станал од седиштето и во преминот на авионот почнал гласно да се моли. Прогласена е вонредна состојба, а во придружба на авионот се испратени и воени авиони.
Мажот по слетувањето бил одведен со лисици, а засега не е познато дали против него ќе биде поднесена кривична пријава, или ќе биде испратен на психијатриско вештачење.
Инаку инцидентот се случил кога авионот се подготвувал да слета на аеродромот во Вашингтон, па принудното слетување било само 13 минути пред предвиденото.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Авиони на полетување од „Александар Велики“ удриле во јата птици

Четворица загинати во пад на авион во Франција

Експлозив пронајден во остатоците од урнатиот авион на Качински

Пронајдете не на следниве мрежи: