Ден пред почетокот на изборниот молк за претседателските избори во Словенија, во анкетите води досегашниот претседател Данило Тирк.
Конкуренти на Тирк му се поранешниот премиер Борут Пахор и пратеникот во Европскиот парламент Милан Звер.
Според анкетата на „Дело“, Данило Тир би освоил 44 отсто од гласовите, Борут Пахор 31 отсто, додека Милан Звер 25 отсто од гласовите на бирачите.
Анкетата на весникот „Вечер“ исто покажува дека најголема доверба би добил Тирк, кого го поддржува четвртина од испитаниците, на второ место е Пахор со поддршка од петтина од испитаниците, додека со 17 отсто гласови на трето место е Звер.
Единствено анкетата на Факултетот за општествени науки од Нова Горица предност му дава на Борут Пахор, за кој би се определиле 30,7 отсто од анкетираните, за Данило Тирк 28,5 отсто, додека за Милан Звер 14,2 отсто.
Макфакс
Погледнете ги овие статии
Владејачката Партија на регионите води на изборите во Украина
Денешните парламентарни избори судбоносни за Грузија
Здружението Бедем: Достоинство веќе нема причина да постои како партија, правата се добиени
Пронајдете не на следниве мрежи: