Николиќ во посета на Грција

Loading...

Српскиот претседател Томислав Николиќ, кој се наоѓа во тридневна посета на Грција, во петок изјави оти верува дека оваа земја ќе се избори со сегашната економска криза.

„Грчкиот народ научил да се жртвува и Грција ќе излезе од оваа ситуација“, рече Николиќ на почетокот на состанокот со грчкиот претседател Каролос Папуљас.
Папуљас и Николиќ ги истакнале историските врски меѓу Грција и Србија и оцениле дека на нив не влијаат промените, како што пренесуваат грчките медиуми, „ниту на личностите, ниту на режимите“.
Николиќ во текот на денот ќе има работен ручек со грчкиот премиер Антонис Самарас, а ќе се сретне и со претседателот на ПАСОК Евангелос Венизелос.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Николиќ не сака „територијален интегритет на Косово“ во документите на ЕУ

Николиќ:Сон на секој сериозен политичар е ЕУ, но не по секоја цена

Николиќ: Србија никогаш нема да го признае Косово

loading...
Loading...