Што повеќе килограми, толку помалку секс

Француските научници при Институтот за истражување од Париз, ги произнесоа резултатите од тамошните истражувања со што се наведуваат негативните последици од прекумерната телесна тежина која во најголемиот дел има големо негативно влијание врз сексуалниот живот и на двата пола, но значително со поголем ризик и негативни последици за машката популација.

Во истражувањето учествувале 12.364 луѓе на возраст од 18 до 69 години, кои одговарале на прашањата поврзани за нивниот сексуален живот. Помеѓу испитаниците учествувале 3.651 жени и 2.752 мажи со просечна нормална тежина, 1.010 жени и 1.488 мажи со зголемена телесна тежина и 411 жени и 350 мажи со прекумерна телесна тежина.

Според добиените резултати мажите со прекумерна зголемена тежина се со 2,5 пати поголем ризик за проблеми со потенцијата, за разлика од оние со нормална просечна тежина.

Од друга страна пак кај жените со прекумерна телесна тежина веројатноста да имаат или воопшто да имале и повеќе од еден сексуален партнер во просек за година дена, е за 30% помала, додека за предебелите мажи веројатноста да имаат интимни односи  во истиот временски период е за дури 70% помали.

Според медицинските критериуми меѓу најзагрозените се Грците, Турците, Англичаните и жителите на Малта.

Погледнете ги следниве статии

 10 начини како да ги промените лошите навики на вашиот партнер

 

 

 

 

 Што е тоа сексуална анорексија?

 

 

 

 

 

 Вашиот партнер направете го подобар љубовник

 

Пронајдете не на следниве мрежи: