Меѓусебните односи на најпознатиот пар на светот се влошуваат. Анџелина Џоли и Бред Пит повторно има нова караница. Овој пат, Анџелина Џоли претерала со нејзината опсеија со нејзиниот поранешен сопруг – Џони Ли Милер.
Актерот кој се прослави со улогата во филмот “Хакери”, е новата главна машка улога во серијата “Elementary”, која почна да се емитува од септември годинава. Расправијата меѓу парот се случила кога Бред дознал дека неговата свршеница ја снимила првата епизода од серијата и ја изгледала. Љубомората кај Пит уште повеќе пораснала кога сфатил дека и неговите ќерки се заљубени во Џони, а неговите синови ја обожаваат новата серија. Анџелина на почетокот се правдала со изговорот дека не успеала ни да ја догледа целата епизода, бидејќи воопшто не била задоволна од глумата на поранешниот споруг.
Откако страстите се смириле, Бред Пит повторно се изненадил кога ја фатил неговата невенчана сопруга како ги снимила сите епизоди на серијата и ги гледала со децата додека тој не бил дома. Пит повторно имал бурна рекација на овој настан, што резултирал со негово повторно напуштање на семејната куќа. До кога ќе траат овие тензии меќу нив остаува да видиме.
Поврзани статии:
Анџелина Џоли и Бред Пит направија куќа за секс
Анџелина Џоли сама со децата
Анистон љубоморна на Џоли!
Пронајдете не на следниве мрежи: