Ѓукановиќ нов мандатар на црногорската влада

Лидерот на Демократската партија на социјалистите(ДПС) Мило Ѓукановиќ ќе биде мандатар за состав на новата црногорска влада, соопштено е во петок во Подгорица.

Одлуката следи по консултациите на црногорскиот претседател Филип Вујановиќ со парламентарните партии.
Според Вујановиќ, Ѓукановиќ најдобро ќе знае да одговори на предизвиците кои стојат пред Црна Гора во следниот период.
Во политичката јавност на Црна Гора се шпекулираше дека мандатар би можел да биде и досегашниот премиер Игор Лукшиќ, кој е потпретседател на ДПС, како и вицепремиерот Душко Марковиќ.
Но со оглед на економската криза, најверојатно ќе надвалдее искуството на Ѓукановиќ во државната политика. Покрај тоа, проценките се дека со именувањето на Ѓукановиќ за мандатар ќе се забрзаат процесите на евроатланските интеграции.
Доколку Ѓукановиќ биде избран за премиер, тоа ќе биде шести пат во последните 20 години да доаѓа на чело на владата, а еден мандат беше и претседател. Ѓукановиќ двапати се повлекуваше од премиерската функција, вторпат во декември 2010 година кога го наследи досегашниот премиер Игор Лукшиќ.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Реџепи:Поделбата на Косово ќе го отвори вентилот во Прешево, Македонија и Црна Гора

Црна Гора во НАТО во 2014 година?

Во Подгорица изгореа шест станови, 15 семејства на улица

Пронајдете не на следниве мрежи: