Французинката Миреј Балестраци е избрана за претседателка на Интерпол со што стана првата жена на чело на меѓународната организација за полициска соработка, објави во петокот France 24.
Педесет иосум годишната којашто на ова место е избрана на генералното собрание на Интерпол што во четвртокот се одржа во Рим, досега ја извршуваше должноста потпретседателка на Извршниот одбор на Интерпол за Европа.
Позната по својот ангажман во борбата против организираниот криминал во Бордо и на Корзика, моментално е на втората хиерархиска позиција во полициските сили на Франција.
Интерпол, чиешто седиште е во францускиот град Лион, го објави овој историски избор на својот профил на микроблогот Twitter.
Зборувајќи за своето именување во француските медиуми, Балестраци рече дека тоа е важен момент за Франција и посебно за жените.
„Секако дека сум среќна што ми ја укажаа својата доверба.
Горда сум пореди жените и горда сум поради Франција“, изјави Балестраци за француското радио RTL откако именувањето во петокот беше официјално објавено.
Белестраци додаде дека „во целост е предадена на темелната улога којашто Интерпол мора да ја има во глобалната полициска соработка“.
Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс ја нарече Белстраци „прекрасна полицајка, една од оние со коишто француската полиција се гордее“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: