Ставовите на властите во Атина околу кипарското прашање и спорот со името со Македонија биле меѓу темите за кои во петокот разговараа грчкиот претседател Каролос Папуљас и неговиот српски колега Томислав Николиќ, јави Танјуг.
Двајцата претседатели во Атина констатираа дека Србија и Грција немаат ниту едно отворено прашање, туку само пријателство “кое никогаш нема да престане“.
„Србија ќе и помогне на Грција да ги реши некои од своите проблеми. Ние имаме пријателство, углед и доверба да можеме да помогнеме народите, кои всушност не се скарани меѓу себе, да се помират“, изјави Николиќ.
Папуљас, од своја страна, нагласи дека Грција го поддржува европскиот пат на Србија.
„Поради остварувањето на таа заедничка европска цел и консолидација на стабилноста во Србија, го поддржуваме приклучувањето на сите земји од западен Балкан во Европската унија“, изјави Папуљас.
Не се наведуваат повеќе детали какви точно пораки му пренел Папуљас на Николиќ во врска со спорот со името со Македонија. Неодамна, српскиот претседател изрази разбирање за позициите на официјално Скопје во спорот со името, што предизвика остра реакција од властите во Атина.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Николиќ: Србија никогаш нема да го признае Косово
Српскиот претседател Николиќ во дводневна посета на Македонија
Грција повторно лута, овој пат на Николиќ по изјавите за Македонија
Пронајдете не на следниве мрежи: