6 работи кои ги научивме од натпреварот Juventus – Nordsjaelland

Juventus го уништи тимот на Nordsjaelland со 4:0 и ги подигна своите надежи за квалификување во нокаут фазата од Лигата на Шампионите. Bianconeri-те поминаа многу лесно против данските шампиони, кои пак пред само две недели успеаа да го задржат моќниот Juve на нерешен резултат во Данска. Овој пат Старата Дама водеше со 3 гола на полувремето.

Сепак, Juve останува на третата позиција во групата, еден бод зад Shakhtar и Chelsea.

Еве 6 работи кои ги научивме од оваа победа на гигантите од Торино. 

 

1.Оваа среда, Sebastian Giovinco блесна во црно-белиот дрес, покажувајќи ги своите способности кога покрај себе има традиционален шпиц-играч, во случајов Alessandro Matri.

Formica Atomica, или Атомската Мравка како што го нарекуваат, ја покажа својата убиствена форма која ја имаше уште лани во дресот на Parma, танцувајќи во и околу шпицот на нападот на Старата Дама. Giovinco со оваа изведба покажа дека е и тоа како достоен конкурент за местото кое вообичаено припаѓа на Mirko Vucinic. Изборот меѓу овие двајца во иднина ќе му создава главоболки на Antonio Conte.

Од друга страна, присуството на Matri во нападот, и неговото влијание врз играта на Giovinco дефинитивно ќе служи како поттик Juventus да се ангажира во потрагата по долгоочекуваниот напаѓач од светска класа. Гласините велат дека на крајот тоа место ке му припадне на Fernando Llorente. 

2. Alessandro Matri ја искористи својата шанса против Данците. Matri пружи несебична изведба која на повеќе начини му послужи на тимот. Во текот на целиот натпревар ги држеше Jores Okore и Ivan Runje зафатени, а тоа е нешто што Vucinic и Giovinco немаат тенденција да го прават.

Послабите противници обично се повлекуваат и настојуваат да го одбијат притисокот што Juventus го создава. Ова им создава потешкотии на италијанските шампиони во кршење на мразот кога тие немаат напаѓач кој, за разлика од Vucinic и Giovinco, може да создаде проблеми зад линијата на одбраната.

Со ваквите изведби на Matri станува појасно зошто челниците на Juventus решија да му понудат 5-годишно продолжување на договорот. 

3. Нерешениот резултат во Данска сега се чини уште поскап. Juve одигра 1-1 пред 2 недели и покрај тоа што покажа апсолутна доминација во текот на целиот меч.

Кога ќе размислите дека Chelsea и Shakhtar многу веројатно ќе имаат лесни 3 бода во натпреварите против Nordsjaelland, квалификацијата на Juventus е значително потешка мисија како резултат на тој катастрофален кикс во Данска пред 2 недели.
Со тоа што после двата натпревари против Данците Старата Дама е вон зоната на квалификување, ова веќе е ситуација од која Италијанците се плашеа уште пред да започнат натпреварите.
Четири бодови од нивните наредни 2 меча (на гости кај Shakhtar и дома со Chelsea) би требало да бидат доволни, но тоа сепак е извонредно тешка задача, особено со оглед на притисокот под кој ќе биде Juve и во Serie A после поразот од Inter изминатиот викенд. 

4. Juventus покажа оваа сезона  дека нивниот состав е доволно добар да се бори на два фронта – во Serie A и во Лигата на Шампионите, а подоцна ќе се појави и третиот – Coppa Italia.

Paolo De Ceglie, Stephan Lichtsteiner, Simone Padoin и Luca Marrone не успеаа да излезат од клупата и покрај тоа што беа корисни играчи во изминатата сезона.
Martin Caceres, Nicklas Bendtner и Emanuele Giacherini исто така не успеаа да влезат во игра, додека отсуството на Mirko Vucinic поради повреда не беше нешто што му создаде огромни проблеми на Juve, пред се благодарение на добрата игра на Sebastian Giovinco.

5. Mauricio Isla доби можност да стартува против Данците, со што ја продолжи својата успешна рехабилитација од сериозната повреда која ја заработи во текот на минатата сезона, додека го носеше дресот на Udinese.

Чилеанецот повеќе играше во централни позиции во последните денови од својата кариера на Friuli во Udine, исто како и својот соиграч Kwadwo Asamoah – но во Juve ќе се врати на бочните позиции – повторно како и Asamoah.

И покрај тоа што е во директна конкуренција со Stephan Lichtsteiner за позицијата десен бек, очигледно е дека Isla може редовно да ја добива таа позиција пред Швајцарецот.
Тој одигра одлична партија по десната страна, покажувајќи моќ и брзина во своите пробиви.

6. Nordsjaelland не припаѓа во оваа фудбалска елита, и фактот што успеаа да добијат 1 бод во Торино пред 2 недели не менува ништо од тој факт.

Данските шампиони, иако треба да се земе во предвид фактот дека изгубија неколку клучни играчи на крајот на минатата сезона, сега имаат 11 примени голови во 4 меча, а само 1 постигнат.
Минатата сезона беше огромен шок фактот што овие момци ја освоија титулата пред FC Copenhagen, па и не е толкаво изненадување тоа што опстанок во Лигата на Шампионите никогаш не ни беше реално очекување. 

 

Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии:

 

(ФОТО/ВИДЕО) Десетката за кој друг, ако не АЛЕСАНДРО ДЕЛ ПИЕРО!!!

 

Јувентус ги сака Љоренте и Нани

 

Фото: Фан-клубот на Јувентус од Македонија, признаен од Јувентус!!!

 

Пронајдете не на следниве мрежи: