Цеца се откажа од најголемиот порок

Српската фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца, ги остави цигарите после цели 20 години. 
 
Пејачката не крие дека долго време била страствен пушач, но се решила конечно да се откаже од овој порок за да не го загрозува повеќе здравјето на своите деца, Анастасија и Вељко, но и своето. За медиумите, Цеца изјави дека по предлог на нејзината пријателка Ана Бекут, таа прешла на електронските цигари.
 
“После долги години цврсто решив да им кажам збогум на цигарите. Решена сум да се откажам од оваа лоша навика, и за поклон од Ана добив електронска цигара. Сега за сега ми оди одлично и се надевам дека така ќе биде и понатаму” – изјави пејачката.
 
Таа откри дека имала обид и пред 5 години да се откаже од цигарите но не издржала. “Пред концертот на Ушче во 2007 година, го оставив пушењето. Поради тоа и додадов неколку килограми, но на крајот не издржав и по 4 месеци им се вратив пак на цигарите. Но овој пат сум црвсто решена и нема да попуштам. Не сакам да ги трујам моите деца, семејство, пријатели и себеси со димот од цигарите.” – рече Цеца. Нејзината сестра Лидија имала најголем удел врз пеачката за да ја донесе оваа одлука.
 
Поврзани статии:
Фотографии од Цеца и Влада ја полудеа Беквалац
 
Цеца подготвува спектакл на Ушче 
 
Цеца добро се држи!
 

Пронајдете не на следниве мрежи: