Шпанскиот актер Хавиер Бардем ја доби својата ѕвезда на холивудскиот булевар на славните, во очекување на американската премиера на најновиот филм за агентот Џејмс Бонд „Skyfaal“ во кој ја толкува улогата на главниот негативец.
„Не мислев дека ќе ми биде укажана таква чест“, изјави Хавиер Бардем придружуван од бонд девојките од најновиот фил, Беринајс Марлох и Наоми Харис.
На 43-годишниот Бардем му е посветена 2.484-та ѕвезда на холивудското Шеталиште на славните.
„Го споделувам ова признание со сите прекрасни режисери во Шпанија и надвор од неа коишто ризикуваа со мене. Среќен сум што веќе 25 години се занимавам со оваа професија“, изјави Бардем.
Хавиер Бардем во 2008 година го доби Оскарот за најдобра споредна машка улога во филмот на браќата Коен „Нема земја за старците“. Покрај тоа беше уште двапати номиниран за Оскара.
Глумеше во филмските хитови како „Вики, Кристина, Барселона“, „Животот е море“ и „Шунка, шунка“, оженет се со актерката Пенелопе Круз со која го има едногодишниот син Лео.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
High Heels
Џејмс Бонд се врати, подобар од кога и да е
Денес е светски ден на Џејмс Бонд
Пронајдете не на следниве мрежи: