Погледнете го просечниот број на додавања за некои играчи од најдобрите фудбалски лиги во Европа за оваа сезона. Ќе откриете дека најдобрите 5 фудбалери имаат една заедничка карактеристика.
Mikel Arteta, Xavi, Michael Carrick и Andrea Pirlo имаат преку 30 години. Последниот човек на оваа листа, Yaya Toure, е блиску, тој има 29 години.
Mikel Arteta од Arsenal води со 90.6 додавања по натпревар во просек (се работи за натпревари во Premier лигата). Исто така, забележителен е и процентот на успешни додавања на Arteta, 93.2% (информациите се превземени од сајтот www.whoscored.com).
Но навистина интересниот дел е прогресијата во прецизноста на додавањата на Arteta.
Минатата сезона тој имаше 90.8% успех во додавањата. Сезоната пред тоа, на местото на тој број стоеше 86.9%. Се чини дека неговите додавања се се подобри како што тој старее (исто така има и повеќе додавања по натпревар, но причината за тоа веројатно подобро е да ја бараме во неговиот трансфер од Everton во Arsenal).
Xavi е доказ повеќе за истата теорија. Шпанецот на 32-годишна возраст води во категоријата за успешни додавања со цели 96.2% за Barcelona во La Liga. Во сезоната 2009/2010 таа бројка изнесуваше 90.4%, па се качи на 94.4% за наредната сезона, 2010/2011. Минатата сезона имаше мал пад на ова поле (92.4%), но сепак и кај него постои истиот тренд.
Возраста има големо влијание на прецизноста во поглед на топките во простор. Вечниот капитен на Roma, Francesco Totti, со 36 години, е лидер во оваа категорија.
Според бројките, способноста на Totti да проигра напаѓач со додавање во простор се подобрува од година во година. Во сезоната 2009/2010 во просек имал по 1.0 успешно вакво додавање, таа бројка се зголемила на 1.1 наредната сезона, а минатата сезона повторно ја подобрил оваа страна од својата игра, со што истата бројка се зголемила на 1.6. Во моментов, Италијанецот во оваа категорија е најдобар во Европа, со 2.3 успешни додавања во простор по натпревар. Втор на оваа листа е сонародникот на Totti, Antonio Cassano (30 години), а веднаш зад него се наоѓа Andrea Pirlo кој и понатаму извонредно ја врши својата работа во улога на regista на Juventus.
Четврти е Steed Malbranque, 32-годишниот ветеран од Lyon.
Потоа следува категоријата успешни долги додавања по натпревар. Riccardo Montolivo од AC Milan, со 27 години води во оваа конкуренција, но веднаш по него се наоѓаат Paul Scholes и Daniele Conti – од Manchester United и Cagliari, кои имаат 37, односно 33 години.
Ако сакате уште докази, погледнете ја статистиката за клучни додавања во Serie A за минатата сезона. Прв на листата е Pirlo, втор Totti, а Cassano исто така е меѓу првите 5.
Мајсторијата на додавањата на Pirlo е добро следена низ годините. И тој е еден од оние чија дистрибуција на топки се подобрува со времето. Ова е најочигледно ако се споредат неговите статистики од сезоната 2009/2010 со оние од минатата сезона, кога тој прв пат го облече дресот на Juventus. Бројот на неговите асистенции забележа неверојатен скок од 4 на 13.
Pirlo во просек имаше по 2.2 клучни додавања по натпревар во сезоната 2009/2010 со AC Milan. Тој број минатата сезона порасна на 3.4.
Иако сите бараа некој млад, надежен фудбалер да блесне на EURO 2012, повторно Pirlo беше главниот играч за својата репрезентација, и еден од најдобрите на првенството, инстинктивно делејќи топки по теренот од срцето на средниот ред на Италија.
Потребно е време да се развие ваквата фудбалска интелигенција. Потребни се стотици, илјадници часови посветени на тренинг, како и доволно искуство за да играчот знае точно како да се снајде во секоја ситуација во која ќе се најде на теренот. Дури и оние кои се родени со неверојатна интелигенција и остроумност, како Eden Hazard и Lionel Messi, нема да го достигнат врвот во додавањата се до зрелите фази на нивните кариери.
Фактот што Hazard веќе се наоѓа меѓу првите 5 фудбалери во Европа по бројот на асистенции оваа сезона доволно добро ни укажува во која насока се движи младиот Белгијанец. Просечниот број на клучни додавања по натпревар за Lionel Messi се зголеми од 2, на 2.1, па на 2.5 во последните 3 сезони, а тој веќе е најдобриот фудбалер на својата генерација.
Неговиот најголем конкурент, Cristiano Ronaldo забележува се повеќе и повеќе асистенции секоја година во последните 3 сезони во La Liga.
Нозете можеби ослабуваат, силата ја снемува, но фудбалерите околу 30тата година секогаш можат да се утешат дека имаат уште барем една област во која можат да процветаат и да го достигнат врвот.
Возраста е само бројка, но кога станува збор за бројките поврзани со додавања, има докази кои велат дека со возраста расте и прецизноста.
Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии:
(Видео): „Четврт со месо“ за Азар…
600 натпревари за Стиви во дресот на Ливерпул
(ФОТО) Касано навистина бил фан на Интер од мали нозе
Пронајдете не на следниве мрежи: