Lucasfilm денес ја потврди соработката со сценаристот Michael Arndt околу новата трилогија филмови Star Wars. Човекот кој го напиша сценариото за Toy Story 3 веќе има материјал од 40-50 страници за Star Wars: Episode VII со кој ќе ја придвижи сагата за Luke Skywalker и Leia Organa. Приказната веројатно ќе се фокусира на нови херои, а многу е веројатно дека во филмот ќе се појави и Mark Hamill (човекот кој го глумеше Luke Skywalker во старите Star Wars филмови).
Нека силата биде со Arndt!
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм
Tом Круз наскоро во 'Невозможна мисија 5'
Џејмс Бонд се врати, подобар од кога и да е
Пронајдете не на следниве мрежи: