Сопругата на Wesley Sneijder тврди дека Inter му забранил на холанѓанецот да го користи својот Twitter профил.
“Мојот сопруг, @sneijder101010 повеќе не може да пишува на Twitter. Тоа е одлука на неговиот клуб.” – напишала Yolanthe Cabau.
“Тие велат дека не смее ни да го поддржува тимот со своите tweet-ови. Ова навистина ме разочара, бидејќи тој секогаш го дава најдоброто од себе за овој клуб.”
“Тажно е, но во ред… Сите ќе видите како Wesley набрзо ќе се врати на оној стариот, оној што сите го знаете. Тој повторно ќе победува со Inter!”
Напнатоста меѓу Inter и Sneijder расте откако холанѓанецот му најавил на својот тренер Andrea Stramaccioni дека сака да настапи во Белград против Партизан, а италијанскиот стратег решил да не го земе за овој натпревар, бидејќи не сакал да ризикува со него додека повредата на фудбалерот не биде комплетно санирана.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Морати во Интер вложил 1,16 милијарди евра
Фото: Инциденти на мечот Партизан-Интер
Трапатони: Интер игра добро благодарение на Страмачони
Пронајдете не на следниве мрежи: