Точно 238 фотографии на славни личности меѓу кои и на Мерилин Монро снимени од прославениот американски фотограф Милтон Грин се продадени на аукција во полската престолнина Варшава за рекордни 2,3 милиони злоти или 750 илјади долари.
Ова е апсолутен рекорд на полскиот пазар, изјави Михал Олшжевски, директор на продажба на полската аукциска куќа Desa Unicum.
Наддавањето започнало со една од најскапите фотографии продадена за 16 илјади долари ја достигна нивото на коешто фотографиите на Милтон Х. Грин се продаваат на наддавањата во Велика Британија и САД.
Оваа цена ја достигна црно-белата фотографија на Мерлин Монро полулегната во црн комбинезон босонога.
Потоа, за околу 20 илјади долари е продадена нејзина фотографија во бел балетски фустан, а фотографија од Монро во кревет е продадена за 8.500долари.
Аукцијата траеле пет часа на коишто се продадени 238-те фотографии за вкупно 750 илјади долари.
На аукцијата пристигнале околу 500 интересенти, а преку интернет и телефонски во наддавањето се вклучиле многу заинтересирано, особено од САД и од Саудиска Арабија. Меѓутоа, сепак, најмногу подготвени да понудат највисоки цени биле Полјаците.
Меѓу бестселерите на аукцијата во Варшава е фотографија од Нели Ниад во бела завеса, продадена за околу 14 илјади долари.
Освен фотографиите на Мерилин Монро, продадени се и фотографии на Лајза Минели, Марлен Дитрих, Грејс Кели и Одри Хепберн.
Повеќето од фотографиите на Мерилин Монро понудени на оваа аукција се направени во периодот од 1953 до 1957 година, кога Грин бил нејзини советник и бизнис партнер. Во текот на животот тој честопати ја овековечувал Монро и тие фотографии се високо ценети кај колекционерите. Меѓу нив има цела серија црно-бели студиски фотографии и снимки направени во природна околина, некои во провокативни пози, а некои и во боја.
Големата колекција од портрети којашто се проценува на вредност од 680 илјади долари, ги вбројува великаните како Кери Грант, Френк Синатра, Пол Њумен, Алфред Хичкок и Марлон Брандо.
Фотографиите потекнуваат од збирката од околу 4.000 фотографии на Грин коишто Полска ги доби од чикашкиот бизнисмен Дино Матингас во средината на 1990-тите години, како резултат на исплата од еден сложен скандал кој датира од комунистичката ера во врска со проневера со откуп на државниот долг на Полска. Приходите од аукцијата ќе одат на сметката на полската влада.
Некои од сликите никогаш не биле објавени порано, според Марта Масиацек, официјалната полска претставничка задолжена за справување со корупцијата.
Макфакс
50 години од смртта на Мерилин Монро
7 љубовни совети од Мерилин Монро!
Фотографии на Хичкок на аукција
Пронајдете не на следниве мрежи: