Хајди Клум призна дека е заљубена во својот телохранител и партнер Мартин Кристен.

Познатата Хајди Клум призна дека е заљубена во својот телохранител и партнер Мартин Кристен.

Гласините за романтичната врска меѓу супермоделот и нејзиниот телохранител почнаа да кружат во медиумите порано годинава.
Сил, поранешниот сопруг на клум, предизвика контроверзи кога изјави дека тие двајца имале афера додека таа се уште била во брак со него.
Подоцна Сил ги порекна сите наводи.
Клум за германскиот магазин Bunte откри дека нејзините деца навистина го сакаат Кристен.
„Многу им се допаѓа. Тоа е една од причините поради кои го сакам. Тој ми помага со години. Се грижи за моите деца. Игра со нив и ги чува. Верувам во него“, вели Клум.
Кога ја прашале колку е сериозна нивната врска, таа рекла: „Да, заљубена сум во него!“.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Хајди Клум проговори за својата врска со поранешниот телохранител

Хајди Клум веќе не се крие!

Хајди Клум се забавува со телохранителот?!

Пронајдете не на следниве мрежи: