Иако научниците отсекогаш се на ставот дека мразот ја блокира сончевата светлина, и поради тоа под неговата покривка не може да има живот во водата под Аљаска, природата нашла начин да се развие и создала формација од фитопланктони со големина од околу 1000 фудбалски игралишта.
Фитопланктони се микроскопски алги, но и покрај тоа што навидум делуваат како безначајни за екосистемот, нивната улога е многу посериозна од што мислите. Тие имаат огромно влијание врз климата на нашата планета. Секојдневно апсорбираат по 45 милијарди тони јаглерод диоксид, а во замена не снабдуваат со неопходниот кислород за животот на планетава да функционира нормално.
Овие информации се добија во текот на експедицијата ICESCAPE на NASA, која беше испратена со цел да се испита влијанието на климатските промени врз Чукчи морето.
Откако бил пробиен мразот со дебелина од неколку метри, биле откриени необични количества на флуоресцентен хлорофил, кој укажува на присуство на растенија кои вршат фотосинтеза.
Темелните истражувања покажале четири пати повеќе планктони под мразот отколку под водните површини кои се наоѓаат надвор од замрзнатата покривка. Своите откритија тие ги објавиле во списанието “Science”.
Заклучокот бил дека при топењето на мразот, тој делува како лупа за сончевата светлина, а со тоа се овозможува брз раст на фитопланктоните.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Aмеба која го јаде мозокот убива во Пакистан
Биолозите открија како пајаците ја плетат мрежата за ловење
Во Бразил се клонираат загрозени животни
Пронајдете не на следниве мрежи: