Kenneth Branagh доби титула од Кралицата!

Kenneth Branagh, кој играл улоги на благородник на сцена и на екран, стана вистински благородник благодарение на Кралицата Елизабета II. Британскиот актер изјавил дека му е чест што ја добил титулата токму оваа година, кога Кралицата го слави својот дијамантски јубилеј, како и во годината кога во Лондон се одржаа Олимписките Игри. Тој вели “Ова беше фантастична година за Обединетото Кралство, а мене ми е чест што сега и јас сум барем мал дел од тоа.”

Глумецот роден во Белфаст беше одликуван во Бакингемската Палата за неговите успеси во театарот, како и неговата хуманитарна работа во Северна Ирска. 

Многумина од вас подобро го паметат овој глумец по неговата улога на Gilderoy Lockhart во серијалот филмови “Harry Potter”. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Името на Ема Вотсон најопасно на интернет

ГОЛЕМО НАЈАВУВАЊЕ: Шварценегер пак ќе го глуми Конан

Russel Crowe реши да не се бања

Пронајдете не на следниве мрежи: