Раскинаа Џастин Бибер и Селена Гомез

Тинејџерките кои низ светот конечно може да се израдуваат, нивниот миленик Џастин Бибер ја прекина својата врска со прекрасната Селена Гомез.
Поп ѕвездата ја раскина својата врска по две години забавување.
По бројните падови и прекини на врската, Џастин и неговата сега веќе поранешна девојка Селена Гомез решија да секој тргне по својата патека.
Како што пренесува “E! Online” причините за конечниот прекин на врската се пречестите патувања од страна на Бибер, поради кои нивното гледање станувало се поретко.
И покрај штотуку пласираната вест за неговата разделба со Селена, Бибер веќе го поврзуваат со деветнаесет годишната Барбара Палвин, еден од ангелите на Victoria's Secret.
Наводно новата двојка во друштво на неколку пријатели биле видени како излегуваат од кино, со што и се надополнуваат новите претпоставки за поврзаноста помеѓу ангелот и Џастин Бибер.
 
Погледнете ги следниве статии
 Adele не ни помислува да слабее!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 Бритни Спирс краде од Хајди Клум
 
 
 
 
 Demi Moore организираше суперлуксузна приватна забава во Индија

Пронајдете не на следниве мрежи: