Има 220kg и поради тоа бара одложување на смртната казна!

Американскиот затвореник Ronald Post (53), кој уште во 1983 година е осуден на смрт поради убиство на хотелската службеничка Helen Vantz, се бори против извршувањето на казната поради својата тежина. Имено, Post во текот на својот престој во затвор многу се здебелил и сега тежи неверојатни 220kg. Поради ова, затвореникот смета дека не може да му се изврши смртната казна по протоколот на државата Ohio, односно со смртоносна инекција. 

Извршувањето на казната е предвидено за наредната година. Post смета дека би морал да претрпи неиздржлива болка за време на процедурата. 

Службениот лекар го дал својот детален извештај за Post, во кој стој заклучок дека тој навистина е до толку дебел што не би било можно да му се пронајде вена во раката. 

Докторот Bergese додава дека пронаоѓањето на вена на рацете е дополнително отежнато и од лузните кои Post си ги нанел во 2000 година кога пробувал да се самоубие. Имено, Post во затворот пател од тешка депресија, поради која и толку се здебелил. Неколку пати пробувал да ослабне, бил на диети, барал секакви лекови, но ништо не му помогнало. 

Се проценува дека извршувањето на смртната казна, дури и кога би успеале да му најдат вена, би потрајало околу 16 часа, што е сурова казна, која се разбира, е забранета со американскиот Устав.

Државата Ohio се противела на жалбите на затвореникот, а синот на убиената, Bill Vantz, истите ги нарекол “смешни”.

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Затвор за “случајни милионери” – Банка по грешка ги збогатила, па побегнале во Кина

Сандра Африка во затвор

Четири години затвор за Силвио Берлускони

Пронајдете не на следниве мрежи: