5те најскапо платени манекенки на планетата

Loading...

Тие секој ден се појавуваат на насловните страни на најпрестижните списанија во светот. Со своите предизвикувачки линии се пример за она што сака да го постигне секоја жена. Ви ги претставуваме 5те најскапо платени манекенки на планетата. 

5. Doutzen Kroes – холандската манекенка се наоѓа на петтото место на оваа листа со заработка од 6.9 милиони долари. Таа е заштитно лице за многу светски познати брендови.

4. Adriana Lima – бразилската убавица, сопруга на кошаркарот Marko Jaric, се наоѓа на четвртата позиција со заработка од 7.3 милиони долари. Имајте на ум дека ова е огромна заработка, посебно со оглед на фактот што Lima оваа година ја помина посветена на својата бременост, што значи дека работела многу помалку од вообичаеното. 

3. Natalia Vodianova – таа е единствената Русинка која успеала да заработи доволно за да се најде на овој список. Атрактивната Natalia може да се пофали со заработка од 8.3 милиони долари. Меѓу познатите светски брендови чиешто заштитно лице била, можеби најпрестижен е “Calvin Klein”.

2. Kate Moss – кампањите за “Rimmel” и “Longchamp” на британската манекенка и донесоа 9.2 милиони долари.

1. Gisele Bundchen – нејзината годишна заработка изнесува некаде околу 45 милиони долари. Со ова, Gisele ја потврдува својата позиција како кралица на светските манекенки, таа е најбараната убавица на планетата. 

 

Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии:

 

Како изгледаат нозете на најпознатата манекенка во светот?

Андријана Лима блескаше на Victoria`s secret шоуто

Розовиот тепих на Victoria`s secret

loading...
Loading...