Германката Мариа Хефл-Риш е победничка на првиот за оваа сезона слалом за Светскиот Куп во Финска, односно во Левиј. Хефл-Риш по второто место во првото возење дојде до победа со одлично време во второто возење, и така ја престигна Финкињата Танја Поутаианен. Третото место го зазеде Американката Михаела Шифрин со 74 стотинки послабо време.
Четвртото место и припадна на словенката Тина Мазе, а таа со овој резултат го задржа првото место на генералниот пласман на Светскиот куп со освоени 150 бодови. Хефл-Риш е втора со освоени 124 бодови, а Поутиаинен е трета со освоени 91 бод.
ПУЛС24 СПОРТ
( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )
Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)
Фото/Видео: Головите на Тричковски и Тасевски во „Лига Европа“
Дрогба се враќа во Челзи!
Пронајдете не на следниве мрежи: