Шокантно слабиот Matthew McConaughey забележан на една од најпрометните улица во Лос Анџелес, изгледаше сосема непрепознатливо, неверојатно слабо, доволно за да ја шокира светската јавност.
За целите на улогата во која глуми главен дилер заразен од ХИВ, во филмот 'The Dallas Buyer’s Club' позантиот актер загуби цели 15 килограми.
Британските медиуми на големо пишуваат дека неговиот изглед дава слика и на повеќе од 15 загубени килограми, за потребите на неговата улога во неговото најново филмско остварување.
Сосема непрепознатлив, без неговите ’’плочки на стомакот’’ и изгледот со кој изнудуваше воздишки кај женската публика.
Снимањето на најновиот филм 'The Dallas Buyer’s Club' започнува следната недела. Филм во кој ќе имате можност да ја погледнете приказната за дилер кој дознава дека има AIDS и му простануваат само уште шест месеци од неговиот живот.
Во останатите улоги ќе имате можност да ги гледате Jennifer Garner и Jared Leto.
Погледнете ги следниве статии
Kenneth Branagh доби титула од Кралицата!
Најден е сценарист за Star Wars: Episode VII
Филмот за Никола Тесла ќе се снима во Србија
Пронајдете не на следниве мрежи: