Северина го изневерувала Милан со дечкото на Ана Бебич!

По разделбата помеѓу Северина Вучковиќ и Милан Попович, раскинување кое ја забранува медиумската јавност проследено со скалндалозни изјави, на повидок е и најновиот трач поврзан со оваа контраверзна двојка која во изминатите месеци е во центарот на вниманието на пошироката балканска јавност.

Најновите шпекулации се која е всушност вистинската причина за нивната разделба, со што како главен виновник за пукање на тиквата помеѓу хрватската пејачка и српскиот бизнисмен, се посочува Северина.  

Како главна причина се наведува наводното изневерување од страна на Северина со избраникот на нејзината пријателка Ана Бебич, Филип Милатич.

Извор близок до хрватската пејачка, имено ги потврди овие информации со давањето на изјава дека е вистина дека Милан открил дека Северина го изневерила со Филип, но дека тоа и не било никаква врска ниту пак афера, туку само еден момент на слабост, за кој и двајцата знаеле дека подоцна скапо ќе платат.

Северина е жена на која е тешко да и се одолее, а тоа го знаат сите оние кои соработувале со неа. Не е ни чудно што Филип не останал рамнодушен кон неа, а приликите беа и повеќе од очигледни, додава изворот близок до Северина.

Наводно, целовкупното дејствие се случило ова лето веднаш по снимањето на видео записот за летниот хит Италиана, а веќе во август се појавија првите информации за поголемата караница помеѓу Северина и Милан, пришто десетина дена подоцна и Ана Бебич раскина со нејзиниот дечко Филип.

Во меѓувеме Ана сепак се смири со Филип, додека Северина го остави Милан.

На прашањето како би ги искоментирала овие изјави и шпекулации, Ана Бкутац кратко одговорила дека тоа се само глуости и дека не би ги коментирала.

 

Погледнете ги следниве статии

 Северина го загуби гласот од тага!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Северина во златно трико ја воодушеви публиката

 

 

 

 

Северина – слободна и секси во црн фустан

Пронајдете не на следниве мрежи: