Неколку секс статистики

Колку сексуални партнери менува во текот на животот една жена, колку трае просечниот сексуален чин и кои луѓе во светот имаат најмногу секс?

Овие прашања, а и многу повеќе се одговорени подолу. Секс статистиките конечно пред вас!

1. Просечно, маж има секс 104 пати годишно, а жена 101. Еден од пет возрасни има секс 3 или 4 пати неделно, а 5 проценти од луѓето имаат секс секој ден.
2. Грците имаат најмногу секс и тоа 138 пати годишно, додека Јапонците само 45 пати, што се должи на долгото работно време, високото ниво на стрес и малите простори за живеење.

3. Секој ден за секс размислуваат 54 проценти од мажите и само 19 проценти од жените.
4. Просечната возраст за губење на невиноста кај мажите е 16, а кај жените 17 години.

5. Речиси 90 проценти од мажите се сметаат за хетеросексуалци, иако 20 проценти од хомосексуалците некогаш биле во хетеросексуална врска. Исто така и 90 проценти од жените се сметаат за хетеросексуалци со 1.3 проценти хомосексуалци, 2.8 проценти бисексуалци и 3.8 проценти нешто друго.
6. Околу 13 проценти од брачните парови имале секс само неколку пати во изминатата година.

7. Глобална студија покажа дека просечниот број на сексуални партнери кај жените е 6, а кај мажите 10.
8. Само 44 проценти од жените признаваат дека мастурбираат.

9. Кога станува збор за локациите, 50 проценти од луѓето во врска имаат секс во автомобил, 31 процент во парк и 36 проценти во спалната на нивните родители.
10. Само 44 проценти од луѓето се задоволни од нивните сексуални животи, 41 процент од мажите посакуваат секс почесто за разлика од 29 проценти од жените.

11. Оргазам за време на секс секој пат доживуваат 75 проценти од мажите, а само 29 проценти од жените.
12. Една од 10 брачни двојки спие одвоено.

13. Просечниот секс, без предигра, трае 7.3 минути и за повеќето мажи тешко е сексот да трае подолго.

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Водете љубов со страст

Возбудете го за 60 секунди

Каков е вашиот љубовник

Пронајдете не на следниве мрежи: