Стилот на бакнување според хороскопскиот знак

Некои личности сметаат дека бакнежот е физичко искуство, додека други дека со бакнежот се искажуваат емоциите и блискоста со партнерот. Доживувањето на бакнежот зависи од хороскопскиот знак, а еве што можете а очекувате.

ОВЕН
Впечатлив, енергичен и силен. Овој знак на бакнувањето му пристапува како и на се друго во животот – одушевено и импулсивно.

БИК
Бавно, сензуално и цврсто – таков бакнеж може да очекувате од луѓето родени во знакот на Бик. Но тоа е една од причините поради која врските на биковите траат подолго отколку кај другите хороскопски знаци. Биковите имаат развиено посебно чувство за допир и пред да ве бакнат ќе ве галат.

БЛИЗНАЦИ
Различни, интересни и брзо променливи. Близнаците сигурно нема да ве разочараат во бакнувањето. Но, пред да ве бакнат ќе мора да се многу да чекате и многу да зборите.

РАК
Удобно, познато и едноставно добро. Раковите не одушевуваат при првиот бакнеж, но создаваат удобност. Тие не се иницијатори на бакнежот но после нивниот бакнеж ќе се чувствувате топло и прекрасно.

ЛАВ
Бакнежот на лавот може да ве бутне на земја, тој едноставно одушевува и за негов бакнеж се чекаат редови. Со нив се што треба е да се опуштите и да му се препуштите.

ДЕВИЦА
Внимателно, чуствително и совршено. Така бакнува девицата. Тие не сакаат неред, па атмосферата пред бакнежот мора да биде совршена. Поради тоа што девиците не прават ништо половично и бакнежот им е целосен.

ВАГА
Вагите живеат да го задоволат партнерот. Тие истото го очекуваат и од партнерот. Секој бакнеж кој го доделуваат е единствен. Уживањето со нив ќе биде исто и после 25 години поминати заедно.

ШКОРПИЈА
Страствено. Тие се страствени без разлика што работат, па така и кога се бакнуваат. Со нив треба да заборавите на се друго и да уживате во бакнежот, но поради начинот на кој се бакнува Шкорпијата, тоа нема да биде тежок предизвик.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците секогаш сакаат повеќе, повеќе и уште повеќе. Многу ќе ви дадат, а ако сакате да ги освоите посветете внимание што сакаат и повторете го тоа безброј пати.

ЈАРЕЦ
Јарците ретко се одлучуваат први да бакнат. А кога најпосле ќе го добиете бакнежот, тој ќе биде елегантен, префинет и непотполн. Тоа е единствен начин да посакате уште.

ВОДОЛИЈА
Нивната цел е да останат запаметени. Тие сакаат изненадни и необични бакнежи, посебно од личности кои не им се слични. Бидете што е можно поразлични. Друг начин е да се правите дека не сте заинтересирани.

РИБИ
Рибата ќе ве бакне само доколку мирисате убаво. Поради тоа големите количини на парфем се неопходни. Тие ќе ве бакнуваат нежно, чуствително и внимателно. Возвратете во иста мера.

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Идеална секс поза според хороскопскиот знак

Дали знаете кои хороскопски знаци најмногу провоцираат?

Кои хороскопски знаци имаат најстабилни врски?

Пронајдете не на следниве мрежи: