Кога станува збор за ретките автомобили, еден од оние до кои е најтешко да се дојде е секако McLaren F1, кој и две децении по лансирањето може да се пофали со фантастични перформанси.
Но, како што кажавме, до F1 е тешко да се дојде и тоа со причина: во текот на минатите пет година и по сериското производство, произведени се 106 модели, од кои 72 се наменети за секојдневна употреба, а останатите имаат тркачка примена.
Доколку се прашувате колку е потребно денес да издвоите за него, без 4.4 милиони евра не помислувајте дека можете да го купите. Од неодамна Том Харли, британскиот дилер на автомобили го продаде овој редок автомобил по претходно спомнатата сума.
Овој автомобил е во беспрекорна состојба, а под хаубата има 6.1 литарски V12 мотор со 627 КС, додека пак забрзувањето до „стотка “ го достигнува за само 3.3 секунди.
10те најскапи автомобили продадени на аукција
Audi R8 со 1000 КС!
BMW M4 – шпиунски фотографии
Пронајдете не на следниве мрежи: