Над 64 милиони Американци веќе гласале на претседателските избори во САД, покажуваат последните проценки на изборните комисии во сојузните држави.
Официјалните податоци велат дека најголем број „предвремени“ гласачи имало во Тексас, каде 7,4 милиони луѓе веќе го искористиле своето граѓанско право.
Интересно е да се споменат сојузните држави Северна Каролина и Џорџија, кои се сметаат за неопределени, односно „свинг“ држави.
Тука исто така можело да се забележи голем број на предвремени гласови, при што 3,3 милиони луѓе гласаа во Северна Каролина и 3,2 милиони во Џорџија.
Мала предност во моментов има Демократската партија, односно Камала Харис.
Меѓу гласачите кои досега го искористиле своето право на глас, 12 милиони луѓе се регистрирани демократи, додека 11 милиони се регистрирани републикански гласачи.
Сепак, вреди да се истакне дека убедливо најголем број луѓе ќе гласаат на самиот изборен ден, 5 ноември, и дека Републиканската партија очекува поголема излезност на своите поддржувачи, особено во „свинг“ државите.