Неколку неверојатни факти за срцето

Прашањата за срцето отсекогаш ги збунувале и ги терале луѓето длабоко да размислуваат за нив, па така се настанати огромен број сонети и цели книги посветени на значењето на љубовта.

 

А сега научниците откриваат дека пумпата за крв во нашите гради е исто толку сложена. Не можеме да живееме, ниту да љубиме без него. Дознајте како сексот и смеата се навистина добри за срцето, а како пак лошите вести можат навистина да го скршат.

 

1. Симбол на љубовта

Со тежина од околу 300 грама, овој мускул исполнет со крв, стана универзалниот симбол на љубовта. Грците верувале дека во срцето се наоѓа душата, Кинезите го поврзувале со центарот за среќа, а Египќаните сметале дека чувствата и интелектот доаѓаат од срцето. Сепак никој не е сигурен за точното потекло на асоцијацијата со љубовта. Една идеја е дека срцето станува „знак на љубовта“ во античкиот грчки град Кирене (во денешна Либија). Оваа колонија била позната по растението наречено Силфиум, чие семе имало срцевидна форма. Силфиумот имал и медицински својства, а веројатно се користел и како хербална контрацепција. Од обликот на семето, настанал и симболот на киренската античка монета.

 

2. Скршено срце

За жал скршеното срце може да го доведе човек до бесвест. Истражувањата покажуваат дека раскинувањето со саканата личност или веста за смртта на некој близок, буквално можат да доведат до скршено срце, во форма на зголемен ризик за срцев удар. Ваквата траума исто така може да предизвика ослободување на стрес-хормони во крвотокот, кои привремено го „зашеметуваат“ срцето. Симптомите што резултираат од тоа се како оние на срцев удар – болка во градите и недостаток од здив, но овој тип на болно срце може да закрепне за извесно време со потребната нежност, грижа и одмор.

 

3. Моќна пумпа

За помалку од минута, срцето може да испумпа крв до секоја клетка во нашето тело. А во текот на еден ден, околу 100.000 срцеви отчукувања лансираат 7,5 метри кубни крв богата со кислород, низ околу 96.560 километри разгранети крвни садови, кои ги поврзуваат клетките на нашите органи и делови од телото. Тоа е огромна работа за еден мускул со големина на тупаница.

 

4. Пијалак за срце

Чаша Мерлот може да отиде право во срцето, а новите студии покажуваат дека истото се случува и со белото вино. Научниците ги припишуваа бенефициите за срцето од црвеното вино, на лушпата на грозјето која е полна со антиоксиданси. Но, бидејќи виолетовата лушпа се отстранува за да се направи Шардоне, многу научници претпоставуваа дека белото вино нема да му влијае добро на срцето. Лабораториски експеримент со стаорци докажа дека пулпата од грозје содржи кардио-заштитни материи кои им парираат на оние во црвените вина. Црвено или бело? -Само следете си го срцето.

 

5. Насмевка од срце

Смеењето од срце од кое солзи ќе ви потечат, не само што ви ја топли душата, туку прави и многу повеќе. Истражувањата покажуваат дека громогласното смеење може да предизвика поставата на ѕидовите на крвните садови наречена ендотелда, да се опушти, зголемувајќи го протокот на крв до 45 минути по нападот на смеење. Оштетувањето на ендотелот од друга страна, може да доведе до стеснување на крвните садови, а понатаму и до кардиоваскуларни болести. Ова не е за смеење. Или можеби е?

 

6. Големо срце

Некои луѓе навистина имаат поголеми срца од другите. Но сепак тоа не е знак на љубов, туку сигнал за потенцијална болест на срцето. Најчеститиот тип, наречен дилатациона кардиомиопатија, се случува кога срцевите комори се оптегнуваат и се зголемуваат. Ваквата испакнатост ја исцрпува срцевата моќ на испумпување, лишувајќи ги телесните органи од потребното количество крв. Ако се остави нетретирано, зголеменото срце може да доведе до срцева мана.

 

7. Срце до срце

Искрениот поглед од вашето куче или шармантното умилкување на вашата мачка може да ве натераат да се запрашате дали вашето милениче всушност комуницира со вас. Скорешна студија ги додава коњите на листата на животни кои одговараат емоционално. Еден научник открил дека ритамот на срцето на коњите, го отсликува оној на човекот кој ги допира. Емоционалниот детектор на коњите би можел еден ден да ги замени процедурите за мерење на стрес -хормоните кај пациентите.

 

8. Поправено срце

Срце скршено од љубов може да биде многу болно и да направи да посакате да си купите ново срце или барем кардио сет за поправка. Овие две опции во иднина можат да бидат реалност. Научниците проучуваат вид на гуштер со црвени дамки, за да им помогне во развивањето клеточни терапии за луѓе со физички оштетено срце. Овој водоземец може да ги врати своите клетки назад во времето, како да се матични (стем) клетки, за да изгради нов срцев мускул. Во друга студија пак, научниците создале срце кое чука од ембрионски стем клетки во лабораторија.

 

9. Женско срце

Отсекогаш се сметало дека жените одлуките ги носат врз основа на она што им го вели нивното срце, но кога станува збор за истражувањата во областа на кардиоваскуларните болести, машките се во центарот на вниманието. Со декади, срцевите болести и срцевите удари се гледаа како машки болести. Но ова е далеку од вистината. Срцевите болести убиваат 500.000 Американки годишно, што е за 50.000 повеќе од бројот на мажи. Уште една разлика помеѓу половите: жените не го доживуваат „холивудскиот“ инфаркт од кој грчевито, држејќи се за градите од болка, се превртуваат и паѓаат на земја. Наместо тоа, жените пријавиле затегнатост, болка или притисок во срцето, но и други симптоми како вртоглавица, болка во грбот и вилицата.

 

10. Енергичен секс

Ако не ви се оди во салата за вежбање, имајте секс! Срцето ќе ви биде благодарно. Една студија која вклучила 2.500 мажи на возраст од 49 до 54 години, открива дека доживувањето оргазам три пати неделно, ги преполовува шансите за смрт од коронарна срцева болест. Исто така, сексот може да биде и една замена за вежбање. Според некои пресметки, енергична секс-сесија може да ги дуплира срцевите отчукувања на поединецот и да согори околу 200 калории, што е еквивалент на петнаесетминутно брзо трчање. Значи, останувањето во кревет, во прегратките на вашиот партнер се разбира, може да е токму она што докторите го препорачуваат.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Почина првиот човек кој со месеци живееше без срце

Неколку Кока Кола факти

Факти за цигарите: Што е лошо, а што е добро

Пронајдете не на следниве мрежи: