Американски специјалци кажувале воени тајни за подобри видео игри

Седум припадници на американската специјална единица Navy SEAL биле казнети за кажување воени тајни на компјутерска компанија, со цел компанијата да може да изработи пореалистична видео игра. 

Седумте специјалци биле казнети за тоа што покажувале дел од својата воена опрема и објаснувале воени тактики на компанијата. Истрагата открила дека за овие услуги на специјалците им бил исплатен надомест, а сето тоа било регулирано со договори. Компанијата која ги најмила всушност била Electronic Arts Inc.

Специјалците немале никакво одобрение од претпоставените и од законот. Сите биле членови на SEAL Team 6, кој се смета за најелитен одред во американските специјални сили. Најмалку еден член на овој одред бил дел од акцијата во која беше убиен Osama Bin Laden минатата година. 

На сите 7 вмешани припадници на специјалните сили им било одземено правото на плата во период од 2 месеци. Со ова тие ги уништиле сите свои шанси да бидат унапредени, и практично ставиле крај на своите воени кариери. 

Играта која треба да произлезе од ова е “Medal of Honor: Warfighter”. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

САД „произведува“ војници кои не мора да јадат, пијат и можат да се регенерираат?

Целото тело му е прекриено со тетоважи од Втората светска војна

Уапсени седум британски војници за убиство

Пронајдете не на следниве мрежи: