Пресметајте колку сте добри во сексот

Одговорете на прашањата со ДА или НЕ и пресметајте го вашето сексуално IQ:

1.   Никогаш не симулирате оргазам.

2.   Слободно разговарате на теми поврзани со сексот.

3.   Често му предлагате на партнерот/та да пробате нови секс пози или техники.

4.   Не гледате ништо страмно во тоа да маструбирате.

 

5.   Ако вашиот партнер/ка маструбира пред вас тоа нема да ве збуни.

6.   Ако сте расположени за секс, вие слободно и отворено ќе си „побарате“ од партнерот/ка.

7.   Секогаш сте искрени кога разговарате со партнерот/ка за чувствата по време на секс.

8.   Сакате веднаш да знаете дали нешто што правите во кревет, не се допаѓа на партнерот/ка и разговарате за тоа.

 

9.   Вие знаете и прифаќате дека различните луѓе имаат различни потреби и желби во сексот.

10. Со радост го прифаќате предлогот на партнерот/ка за експериментирање во сексот.

11. Имате сомнеж дека партнерот/ка барем еднаш симулирал оргазам.

12. Вие го прифаќате своето тело такво какво што е, со сите предности и недостатоци.

 

13. Сакате да ги споделите своите сексуални фантазии со партнерот/ка.

14.  Ако вашите сексуални потреби се различни од неговите, вие сте спремни на компромис.

15. Секогаш избирате различни и повеќе секс пози, пред монотонијата и ограничувањето на актот на една или две пози.

16. Се обидувате да направите се, со цел вашиот партнер/ка да биде максимално задоволен од сексот со вас.

 

17. Секогаш користите презерватив и никогаш не отстапувате од принципите.

18. Ако вашиот партнер/ка каже не, како одговор за некој ваш предлог, тоа нема да ве навреди.

19. Романтиката за вас е можеби најважниот дел од сексуалните односи.

20. Немате ништо против брз секс – барем од време на време.

 

21. Ако вашиот партнер/ка се возбудува тешко и бавно, не сметате дека вината за тоа е ваша.

22. Слободно можете да кажете на партнерот ако е премногу груб или нежен на пример.

23. Се однесувате со разбирање кон предвремената ејакулација од страна на вашиот партнер.

24. Да се биде добар љубовник, не значи да имаш многу партнери.

25. Никогаш не сте помислиле дека сексот е вулгарна работа.

 

Ако имате од 20 – 25 одговори ДА, тоа значи дека вие сте неприкосновени во сексот. Вие сте секс богови! Кој еднаш проба со вас, губи глава буквално. Единствениот проблем е што сте толку многу добри што им набивате комплекси на оние што се со вас и секогаш ќе се чувствуваат недоволно добри за вас. Честитки!

Ако имате 12 – 19 одговори со ДА вашиот сексуален коефициент е среден. Вие добро ги познавате своите сексуални желби и потреби и умеете да изградите хармоничен однос со партнерот. Но можете да се најдете во конфликтни или непријатни ситуации понекогаш. Обидете се да ја проширите својата сексуална слобода и погледи. Само малку ви треба за да станете уметник во сексот…Успех!

Ако имате помалку од 12 одговори ДА, вашиот коефициент е низок. Можеби имате недостиг на самодоверба и затоа вашите сексуални односи се далеку од идеални. За да го зголемите својот коефициент имате потреба од сериозна работа врз себе. Едноставно мора да заборавите на сите табуа, пречки и кочници и да се впуштите со убавината на сексуалниот акт…

 

Погледнете ги и следниве статии:

5 совети за здрав сексуален живот

Кога жените сакаат орален секс

Неколку секс статистики

Пронајдете не на следниве мрежи: