Во кревет – телефонираме околу 38 часа и се караме околу 720 пати

Неговото височество креветот. Место кадешто е најголемиот дел од нашата неактивност, гледањето ТВ, водењето љубов, разговарањето на телефон, сурфање низ виртуелниот свет.

Месечно во просек дел од нашето поминато време во креветот го поминуваме во најмалку шест пати карање, а во текот на зимскиот период си легнуваме да спиеме за 28 минути порано.

Ова би биле само дел од резултатите спорведени на околу 2000 луѓе.

Во текот на десет години луѓето поминуваат по 38 часа и 50 минути телефонирајќи, и 70 дена поминати проверувајќи ги новостите на друштвените и социјални мрежи.

Во просек праќаат по 4160 e-mails и околу 14.600 смс пораки, додека бројката на објавени нешта на Facebook или Twitter, е околу 3650 објави.

Покрај тоа во текот на тие десет години, среќните парови разменуваат нежности околу 3640 пати, 4160 бакнежи и 480 пати водење на љубов. Но, сепак бројот на расправии помеѓу паровите е многу поголем, односно во просек е околу 720 пати. Како најчести причини се наведуваат, хрчењето како и кој би требало да го изгасне ТВ.

Скромни но сепак вредни да се споменат, во просек на тие десет години воедно луѓето трошат околу 48 дена на гледање телевизија, а само две години и осум месеци на добро спиење, според спроведеното истражување.

 

Погледнете ги следниве статии

 Купила iPad ’’на црно’’ за 200 долари, наместо тоа добила огледало

 

 

 

 

 Американски специјалци кажувале воени тајни за подобри видео игри

 

 

 

 

 Kaде e мостот од песната Under the Bridge на Red Hot Chilli Peppers

Пронајдете не на следниве мрежи: