Во секој поглед, режисерот е онаа најзначајна личност, одговорна за тоа дали филмот кој се снима ќе произведе “магија” на екраните, како и за мешањето на сите различни состојки при самото снимање на филмот.
Овој список е направен како знак на почит за најдобрите режисери во светската филмска индустрија. За жал, филмовите на некои од овие луѓе денес се тргнати на страна за да остават простор за новите филмови кои нудат попрефинети графички ефекти, но не смее да биде доведен во прашање фактот дека овие луѓе со својата иновативност успеале да ги постават стандардите на правењето на филмови во времето во кое живееле.
Секој од овие режисери има огромен придонес за начинот на кој се снимаат филмовите до ден денес. Секој од нив има направено филмови кои никогаш нема да се заборават. Секој има препознатлив стил кој се провлекува низ секое од делата на кои работел.
Изборот е наменет да предизвика дискусија и споредби, па затоа секој ваш коментар е добредојден.
1. Alfred Hitchcock: 13 август, 1899 – 29 април, 1980
Hitch, или The Master of Suspense како што бил познат може да се пофали со кариера која траела 50 години. Роден е во местото East End, а неговите родители продавале зеленчук. Пораснал во строго католично семејство, а неговиот интерес за филмови започнал околу 1915 година, кога се вработил во локален весник. Негови најпознати филмови се “Rebecca”, “Shadow of a Doubt”, “The Lady Vanishes”, “Rope” и “Psycho”.
2. Stanley Kubrick: 26 јули, 1928 – 7 март, 1999
Бил роден во New York, а уште од мал сите го сметале за неверојатно интелигентен и покрај слабите оцени кои ги добивал на училиште. Бил страствен играч на шах. Неговиот интерес за филм се појавил кога неговиот татко, Jack, му подарил камера за неговиот 13ти роденден. Ова се покажало како вистински потег, што подоцна резултирал со ремек дела како “Spartacus”, “A Clockwork Orange”, “2001: A Space Odyssey”, “The Shining”, како и неговиот последен филм “Eyes Wide Shut”.
3. Steven Spielberg: 18 декември, 1946
Без сомнеж еден од највлијателните луѓе во филмската индустрија во целата нејзина историја. Spielberg е можеби најпознатиот режисер во Холивуд, а секако е и еден од најбогатите. Spielberg има безброј филмови кои поминале одлично на box office-от, како и кај филмските критичари. Негови најпознати филмови се “Indiana Jones: Raiders of the Lost Ark”, “Schindler's List”, “Saving Private Ryan”, “E.T.”, “Jurassic Park”, “Catch me if you can” и многу други.
4. Martin Scorsese: 17 ноември, 1942
Популарниот Marty е роден во New York City, во Little Italy, од каде црпи инспирација за некои негови филмови. Меѓу најпознатите негови дела, за кои веројатно сте слушнале, се вбројуваат “Casino”, “The Aviator”, “The Departed” (филм со кој Scorsese конечно успеа да добие Оскар), “Taxi Driver”, “GoodFellas” итн.
5. Francis Ford Coppola: 7 април, 1939
Роден е во Detroit, САД. Неговиот татко, Carmine Coppola, бил композитор, додека неговата мајка, Italia Coppola била актерка. Има дипломирано драма на Hofstra University, а освен како режисер, своите способности ги има покажано и како продуцент и сценарист. Тој е режисер на “The Godfather”, “Apocalypse Now”, “Bram Stoker's Dracula”, “The Rainmaker” и многу други.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
5 најдобри филмски негативци
Оскарите со нешто ново за 2013
'Машки' филмови кои жените ги сакаат
Пронајдете не на следниве мрежи: