Објавени се деталите за GTA V

Rockstar Games во најновото дигитално издание на Game Informer открија дека во новата GTA V ќе има 3 главни ликови со кои ќе може да се игра. Се работи за Michael, Trevor и Franklin. Играчите ќе можат цело време да се префрлаат од еден на друг лик, и така мисиите да ги гледаат “од друга перспектива”. 

Michael е пензиониран ограбувач на банки кој е под програмата за заштита на сведоци, а поради својата сопруга, која ја потрошила криминалната “заштеда”, сега мора да се врати на улиците. Trevor е опишан како психопат и наркоман со кариера на криминалец кој е склон кон насилство. Последниот лик е младиот Franklin, кој е најспособниот член на групата. 

Овие тројца се здружуваат за заедно полесно да го измамат системот и да извршуваат кражби, кои претставуваат голем дел од оваа игра. Секој лик има и свои способности. Играчите ќе бираат со кој лик сакаат да пројдат одредена мисија.

Los Santos е најголемиот свет кој досега го имаат изградено во Rockstar Studios. Се работи за свет поголем од Red Dead Redemption и San Andreas заедно, а освен градовите, во оваа игра ќе може да се истражуваат и подводните површини. Во оваа игра возилата имаат пореални движења. Освен автомобилите и моторциклите, во играта се достапни авиони, хеликоптери, камиони итн. Дообработени се борбите, а пешаците кои се движат по улиците изгледаат многу пореално од претходните изданија. 

На ликовите ќе може да им се менува облеката, а GTA V ќе има и оригинален soundtrack. Секој од ликовите има сопствен живот, сопруга, пријатели итн. со кои ќе се среќаваме додека не сме на мисии, а освен тоа, секој лик има и сопствено хоби. Низ играта се јавуваат и некои ликови од претходните GTA игри. 

Играта треба да излезе на пролет, а моментално е закажана само за Xbox и PlayStation. Ќе има и multiplayer, но до сега Rockstar немаат откриено многу детали околу тоа. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Angry Birds во Star Wars верзија

 

Американски специјалци кажувале воени тајни за подобри видео игри

 

Diablo III се продаде во 10 милиони примероци, WoW загуби 1,1 милиони корисници

 

Пронајдете не на следниве мрежи: