Екипата на Челзи и Ливерпул ремизираа со резултат 1-1 на „Стемфорд Бриџ“, Манчестер Сити со пресврт дојде до победа против екипата на Тотенхем, а Њукасл на домашен терен беше поразен со 0-1 од екипата на Вест Хем.
Џон Тери во 20-тата минута од мечот го доведе својот тим во водство од 1-0 на дуелот со Ливерпул. Во вториот дел, кој друг ако не Луис Суарез, израмнува на 1-1 во 73-тата минута и ги постави конечните 1-1 од овој натпревар.
Манчестер Сити се спасуваше против „незгодниот“ Тотенхем. Гостите преку Колкер во 21-вата минута од мечот дојдоа во водство од 0-1. Во вториот дел пресвртот го навести Агуеро во 65-тата минута од мечот каде израмни на 1-1. На само две минути пред крајот „супер-џокерот“ на Манчини, босанецот Един Џеко стрелаше за 2-1 и победа за тимот на Манчестер Сити.
Њукасл на домашен терен беше поразен од екипата на Вест Хем. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Кевин Нолан во 38-мата минута.
ПУЛС24 СПОРТ
( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )
Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург
Видео: Привак „ХЕРОЈ“ за Вардар, „Комити“ влегоа на терен!!!
Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)
Пронајдете не на следниве мрежи: