“Срцето ми застанува кога ќе се сетам на Северина” – вели Аднан

Аднан Талетовиќ, манекенот кој пред 13 години беше во врска со Северина, а се појави и во нејзиниот спот за песната “Da si moj”, неодамна им се отвори на новинарите за весникот “Dnevni Avaz” и проговори за својата стара љубов. 

Северина и Аднан се запознаа во 1999 година на снимањето на спотот. 

“Со Севе беше нешто посебно. Само ќе кажам дека и ден денес срцето ми застанува кога ќе се сетам на Северина.” – изјави 46-годишниот манекен кој пораснал во Ријека.

Талетовиќ во својата долгогодишна кариера бил дел од ревиите на многубројни светски дизајнери, позирал за насловните страници на најдобрите модни списанија, снимал сапуници во Los Angeles, живеел во Milano, Paris, New York и Hong Kong, а во своите љубовни подвизи ја вбројува и врската со Naomi Campbell.

Завршил академија за глума во L.A., а освен со мода, се бави и со фотографија. Неговите фотографии често се објавувани во бројни каталози и модни списанија. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Јелена Розга ја копира Северина

 

ЕКСКЛУЗИВНО: Карло Бос сака да ја легне Северина

 

 

Како изгледа познатата пејачка Северина без шминка во бикини?

 

Пронајдете не на следниве мрежи: