Милош Ранчиќ и Христина Ристеска победници на „Ноќната трка“ во Скопје

Се одржа традиционалната „Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје“ во пресрет на 13 Ноември, денот на ослободувањето на нашиот главен град Скопје, во машка конкуренција победник на трката во должина од 5 километри беше Милош Ранчиќ, додека пак во женска конкуренција трката беше во должина од 2.500 метри а победничка беше Христина Ристеска.

Во машка конкуренција зад Ранчиќ завршија Александар Кираџиев кој заврши на второто место, додека пак за третото место се избори Кокан Ајановски.

Во женска конкуренција на второто место се најде Росица Костова, додека пак третото место и припадна на Ениса Тасевска.

Покровител на трката е градоначалникот на Скопје, г-динот Коце Трајановски, а трката се одржува во организација на Атлетската Федерација на Македонија, стартот на трката пред портата „Македонија“ го означи токму покровителот на трката, г-динот Коце Трајановски.

Фото/Извор: „НоваМакедонија“

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Вах „ПРЕЖИВЕА“, Кличко победата му ја посвети на покојниот тренер

 

 

 

 

 

Видео: Кристиано Роналдо и се пушташе на девојка од АУДИ

 

 

 

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

Пронајдете не на следниве мрежи: