Интернет страната што спојува помлади мажи со постари жени – Cougarlife, ја прогласи 50 годишната актерка Деми Мур за најпосакуваната “жена во години”.
Како мала награда за првото место, од интернет страната на домашната адреса на актерката стигнаа пар Louboutin потпетици со леопардова шара и диплома со која Деми ќе може да се сеќава на оваа чест.
Основачот на оваа интернет страна, Клаудија Опденкелдер изјави дека е многу задоволна од изборот и дека токму Деми Мур е одличен пример за начинот на живот што тие го промовираат. Мур е одличен избор бидејќи беше во брак 6 години, а во врска 9, со 16 години помладиот Ештон Качер.
Само за потсетување, Ештон и Деми ја прекинаа својата врска пред точно година дена. Иако нивниот развод се уште не официјализиран, Ештон има нова девојка, глумицата Мила Кунис. Неговата поранешна сопруга Деми се уште е сингл, и како таква вчера го прослави својот 50 роденден.
Поврзани статии:
Demi Moore организираше суперлуксузна приватна забава во Индија
Деми Мур и Ештон Качер во битка за пари
Деми Мур го преболе Ештон Качер
Пронајдете не на следниве мрежи: