Планира да го прелета Атлантски океан со хелиумски балони

Џонатан Трап (38) планира да го прелета целиот Атлантски океан со помош на 365 хелиумски балони.

 

Овој авантурист пред две години со помош на истиот метод го прелета и Ле Манш.

 

Неговиот најнов предизвик подразбира тој да прелета 4,000 км во чамец за спасување долг 2м на кој ќе бидат прикачени 365 балони наполнети со хелиум. Тој планира овој предизвик да го спроведе наредно лето, а дотогаш тој работи на собирањето донации.

 

На Џонатан му се потребни 300,000 долари за да купи балони кои ќе бидат отпорни на сончева светлина, а тој досега има собрано 170,000 долари. 

 

Прелетувањето на Атлантскиот океан претставува предизвик за сите авантуристи. Досега со овој метод се имаат обидено многумина, а пет личности имаат погинато обидувајќи се. 

 

Сепак Џонатан ќе биде првиот кој тоа ќе го направи со толку голем број на балони.

 

Се надеваме дека ќе успее во овој обид…

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Запознајте го човекот-волк

 

Пронајден е најсреќниот човек на светот

 

5-те најбогати луѓе низ историјата

Пронајдете не на следниве мрежи: